Сергеј Баздникин му ја предаде на Заев нотата за прифаќање на новото име на нашата земја

Премиерот Зоран Заев вчера вечер го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Баздникин соопшти владината прес-служба. Амбасадорот Баздникин на премиерот Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на Претседателот на Руската Федерација, оваа земја го признава новото име на нашата земја – Република Северна Македонија. На средбата во Кабинетот на премиерот Заев и Баздникин ги потврдија заложбите на двете земји за одржување на традиционално пријателски односи низ активен дијалог.
Особено внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како посебно значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90%, во споредба со истиот период минатата година.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.