Серена Вилијамс испиша нова страница во тениската историја, откако стана најстарата тенисерка која се искачила на првото место на ВТА листата.
Вилијамс, првата позиција ја обезбеди во саботата, кога избори пласман во полуфиналето на турнирот во Доха, подоцна таа загуби во финалето од Викторија Азаренка. Серена до првата позиција стигна на 31 година, претходно нејзината сонародничка Крис Еверт со 30 години беше најстарата број 1 во историјата на женскиот тенис. Замената на позициите на Вилијамс и Азаренка е единствената промена која се случи во Топ 10 на ВТА листата, од третата до десетата позиција следуваат: Марија Шарапова, Агњешка Радванска, На Ли, Анжелик Кербер, Сара Ерани, Петра Квитова, Саманта Стосур и Каролин Вознијаки.
Макфакс
Серена Вилијамс испиша нова страница во тениската историја, откако стана најстарата тенисерка која се искачила на првото ме