петок, 13 ноември 2026
Најново

Серена ќе стане најстарата број 1

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американката Серена Вилијамс, во понеделник ќе стане највозрасната тенисерка која се искачила на првото место, на ВТА листата.

31-годишната Вилијамс, во петокот ја победи Петра Квитова со 3:6, 6:3, 7:5, на турнирот во Доха и избори пласман во полуфиналето каде ќе игра против Марија Шарапова. Серена, во третиот сет имаше негатива од 1:4, но со успеа да направи целосен пресврт и да ја победи поранешната шампионка на Вимблдон. Вилијамс го собори рекордот на нејзината сонародничка Крис Еверт, која со 30 години беше најстарата тенисерка која била број 1. Турнирот во Доха се игра за награден фонд од 2,36 милиони долари.
Макфакс
Американката Серена Вилијамс, во понеделник ќе стане највозрасната тенисерка која се искачила на првото место, на ВТА листа

Поврзани вести