ТУРСКИТЕ власти не му дозволија на гувернерот на Централна Македонија, Апостолос Цицикостас, да влезе во Турција, каде што требаше да претседава со меѓународна конференција. Цикикостас поминал околу шест часа на бродот во пристаништето во Измир и на крајот се вратил во Грција.
Апостолос Цикикостас, истакнат член на владејачката Нова демократија и гувернер на регионот Централна Македонија, чие седиште е во Солун, бил запрен кога требало да се спушти во турското пристаниште Измир, каде што, како официјален претставник на ЕУ, требало да претседава со 13-то Европско-медитеранско генерално собрание (АРЛЕМ).
Грците реагираа жестоко:
…европратеничката Марија Спиракис рече дека побарала од Европската комисија да разговара за овој, како што таа го нарече „инцидент без преседан“…
Според грчките медиуми, Цикикостас бил принуден да чека најмалку шест часа на траектот – на крајот се вратил дома. Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше навремено и побара објаснување од турските колеги зошто Цицикостас, кој е потпретседател на Европскиот комитет на регионите, чиј дел е и АРЛЕМ, се спречува да влезе во Турција.
- Апостолос Цикикостас утринава отпатува за Смирна (Измир) со бродот што ја поврзува Смирна со Солун со цел да претседава со Евро-медитеранската конференција на Комитетот на регионите на ЕУ. Патуваше не само како Грк, туку и како европски функционер – се вели во соопштението на грчкото МНР од 5 ноември.
Турската гранична полиција го известила Цицикостас дека има забрана за негов влез во Турција, а кога побарал објаснување за причините не добил одговор, се додава во соопштението. Откако поминал време во полициската станица, Цикикостас бил вратен на бродот.
„Регионалниот гувернер го контактираше Министерството за надворешни работи и релевантните агенции на ЕУ. Ним не им била соопштена причината за забраната за влез. Господинот Цикикостас засега останува на бродот и ќе се врати во Грција“, се вели во соопштението, во кое се додава дека грчкото Министерство за надворешни работи „недвосмислено го осудува“ задржувањето и забраната за влез на Цикикостас, очекувајќи турските власти да обезбедат објаснување за ваквиот третман на грчкиот политичар.
Според турската државна агенција Анадолу, тоа било „технички проблем“, бидејќи името на Цикикостас е слично на името на лице на кое му е забранет влез во Турција. По разрешувањето на сомнежот, гувернерот на Централна Македонија можел да се симне на турска територија, но тој одбил.
- Ви благодариме за поддршката. По акциите на ЕУ и Грција, турските власти одлучија да ми ја укинат забраната за влез. Сепак, стојам на мојата одлука да ја напуштам Турција и да се вратам во Грција – објави Цикикостас на социјалните мрежи.
И додека турските власти се уште молчат за инцидентот, грчките политичари кренаа вистинска бура од протести. Министерот за заштита на граѓаните, Такис Теодорикакос, рече дека тоа е јасна провокација на соседната земја, а европратеничката Марија Спиракис рече дека побарала од Европската комисија да разговара за овој, како што таа го нарече „инцидент без преседан“.
-Оправдувањата на Турција веќе не се убедливи… Очигледно е дека ваквата тактика на заплашување и падот на демократијата не може да се толерира и затоа барам од Европската комисија итно да заземе став – нагласи таа.
Турскиот потег го осуди и градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој со својот колега Екрем Имамоглу е во посета на Истанбул.
- Сметам дека е незамисливо и тешко да се разбере дека на регионален гувернер и на претставник на ЕУ може да им се забрани влез во Турција. Сакам да верувам дека ќе бидат дадени објаснувања, но и извинување – изјави тој.
Имамоглу, пак, политички противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се обврза да ги истражи околностите под кои се случил инцидентот, како и да ја информира јавноста и, како што рече, сите балкански градови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.