СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ НА ПОВИДОК: Брисел ги раздвои Албанија и РСМ, Тирана ги почнува преговорите со ЕУ

Постојаните претставници на ЕУ едногласно се согласија да започнат преговори за членство со Албанија.
Оваа одлука е донесена за време на денешниот состанок во Брисел.

Дипломатски извори во Брисел укажуваат дека тоа значи одвојување на процесот на Албанија од оној на Северна Македонија.

Разговорите официјално ќе започнат на 15 октомври на Меѓувладината конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, почнувајќи со Кластерот 1 „Фундаментални прашања“.

Пронајдете не на следниве мрежи: