Војвотката од Сасекс започна со извршување на кралските обврски кои оваа недела ѝ ги додели кралицата Елизабета.
Кенсингтонската палата во вторникот објави официјално соопштение во кое пишува дека Меган Маркл ги презема двете обврски од кралицата Елизабета Втора, односно грижата за Националниот театар и Здружението на Универзитетот на Комонвелт како и да стане кралската покровителка на организацијата за доброто на животните и хуманитарните здруженија кои им помогнуваат на невработените и загрозените жени да пронајдат работа.
Токму поради тоа Меган синоќа ја посети таа организација и воодушеви со својот аутфит за таа пригода, а особено со изборот на чевли.
Само што излегла од автомобилот, сите погледи ги украдоа нејзините црно-бели салонки во стил на Круела Девил кои го истакнаа неутралниот остаток од аутфитот. Станува збор за чевли од брендот Џианвито Роси, кои како што пренесува Harper’s Bazaar, Меган ги поседува со години и дека се едни од нејзините омилени, а ги носела и пред да се омажи за Хари.
Салонките кои имаат впечатлив принт се особено интересни поради проѕирниот детаљ, а војвотката ги искомбинира со црн фустан и беж боја капут, како и интересни обетки од брендот Кимаи. Исто така, таа сподели и неколку модни совети во здружението за тоа како треба да се облекуваат дамите кога треба да одат на интервју за работа.