Серијата на Бостон заврши во Шарлот

Кошаркарите на Шарлот, тимот кој го има најлошиот резултат во НБА лигата, приредија вистинско изненадување со победата над Бостон од 94:91.

Бостон, со овој натпревар, стави крај на серијата од седум победи во низа, која започна со повредата на Режон Рондо. Шарлот до победата го предводеа Бајрон Маленс со 25 поени и 18 скокови, односно Кемба Вокер и Рамон Сешнс кои постигнаа по 19 поени.  Ветеранот Кевин Гарнет со 16 поени и 13 скокови беше најдобриот играч на Бостон на оваа средба. ЛА Клиперс ја заврши турнејата по источната конференција со четири победи и исто толку порази. Клиперси во Филаделфија го победија домашниот тим со 107:90. Крис Пол со 20 поени и 11 асистенции, односно Џамал Крофорд и Блејк Грифин со по 20 поени беа најзаслужни за победата на екипата од ЛА. Ник Јанг беше единствениот расположен играч на Филаделфија, натпреварот го заврши со 29 поени. Бруклин победнички го заврши тешкото гостување во Индијанаполис. Нетси ја совладаа Индијана, по продолжението резултатот беше 89:84. Во отсуство на Дерон Вилијамс, екипата до победата ја предводеше Брук Лопез со 25 поени, додека Џо Џонсон постигна 17 кошеви. Џорџ Хил за Индијана реализира 22 поени. Вашингтон се наоѓа во серија од четири победи, екипата од главниот град го совлада Милвоки со 102:90. Бил Бредли постигна 28, а Нене Иларио мечот го заврши со 21 поен и 13 скокови. Њу Орлеанс , предводен од Робин Лопез (23 поени, 10 скокови) и Рајан Андерсон (31 поен) го победи Детроит со 105:86.
Макфакс
Кошаркарите на Шарлот, тимот кој го има најлошиот резултат во НБА лигата, приредија вистинско изненадување со победата над

Пронајдете не на следниве мрежи: