Серија земјотреси вечерва ја тресеа Црна Гора

Најмалку три послаби земјотреси ја погодија Црна Гора во текот на ноќта и рано утринава, истакна Сеизмолошкиот завод на Србија.
Како што е наведено на веб-страницата, првиот послаб земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 01 часот и 34 минути во областа Голија.

Следниот земјотрес, исто така слаб, со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4 часот и 31 минути во близина на Никшиќ.

Последниот земјотрес со јачина од два степени според Рихтеровата скала е регистриран во 5 часот и 27 минути, повторно кај Никшиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: