Сертификат за виолина од Титаник по 101 година

Виолината којашто му припаѓала на водачот на малиот оркестар на легендарниот брод „Титаник” кој потона на своето прво патување, пронајдена е на таванот од една куќа во Англија и нејзината автентичност е потврдена 101 година по трагедијата на бродот кој се сметаше за непотоплив, соопшти аукциската куќа Henry Aldridge & Son.

 
Сопственикот на виолината којашто со чудо ја „преживеала” трагедијата, бил Волис Хартли, шеф на оркестарот од „Титаник” кој се прослави свирејќи се' додека бродот не потонал во ледените води на Атлантскиот Океан во април 1912 година.
Посмртните останки на Хартли биле најдени во водата по десет дена, а виолината во ковчег обложен со кожа била врзана за телото, појасни Ендрју Олдриџ од аукциската куќа која по седум години работа во петокот ја утврди автентичноста на музичкиот инструмент.
Своевремено, мајката на Хартли по трагедијата им се доверила на лондонските весници дека е „сигурна оти нејзиниот син умрел стискајќи ја виолината. Беше страсно поврзан со тој инструмент”.
Виолината била подарок од неговата вереница Марија Робинсон, за што сведочи сребрената плочка со натпис „За Волис, по повод нашата веридба. Марија”, На основа на оваа плочка потврдена е и автентичноста на инструментот.
Талогот од корозија настанал поради долгата изложеност на морската вода, потврдиле експертите. Инструментот од морето го извлекле канадските власти и го испратиле на Марија Робинсон. По нејзината смрт во 1939 година, виолината била доверена на организацијата Војската на спасот, за што сведочи писмото од почетокот на 1940-те во кое една професорка по музика меѓу другото пишува „Речиси е невозможно да се сири на неа, сигурно поради бурниот живот што го проживеала”.
Виолината потоа била доверена на семејство коешто ја чувала на таванот од семејната куќа.
„Волис Хартли е една од најважните личности од Титаник, бидејќи покажал чудесна храброст”, истакнува Олдриџ и додава дека воопшто не размислува за продажба на инструментот проценет на најмалку 100 илјади евра, туку дека преговара со музеи.
Виолината ќе биде изложена за католички Божик во градскиот совет во Белфаст, градот во кој е изграден „Титаник”.
Бродот, гордоста на британската цивилна морнарица, најсовремен и најлуксузен дотогаш во светот, потона ноќта кон 15-ти април 1912 година во ледените води на Северен Атлантик на своето прво патување откако се судрил со санта мраз. Од 2.200 патници и членови на екипажот, се удавиле 1.500, а меѓу нив и осумте членови на оркестарот што го водел Волис Хартли.
Макфакс
Виолината којашто му припаѓала на водачот на малиот оркестар на легендарниот брод „Титан

Пронајдете не на следниве мрежи: