Сестрата на Богдана веќе јавно се бакнува со синот на оваа позната пејачка, а нејзината мајка имаше што да и порача на идната сваќа

Мајката на Богдана Родиќ, Даниела Родиќ која пред неколку дена се реализираше во улога на баба, за телеграф.рс вели дека плачела кога првпат го видела внукот Жељко.
„Плачев. Што би рекле Наташа и Бојана: „Леле, мајко, ние тебе те немаме видено да плачеш“. Тоа беше нешто посилно од мене. Од среќа“ вели Даниела.
Таа вели дека малиот Жељко е ист како како Вељко.


„Ист, ист Вељко. Богдана објави фотографија од Вељко кога имаше девет месеци, кога го видов Жељко ми се појави таа фотографија, исти“ вели тазе бабата.
Другата ќерка на Даниела и сестра на Богдана, Бојана е во врска со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.


Родиќ накратко го прокоментира и другиот потенцијален зет.
„Задоволна сум, прекрасно момче. Најважно е да се согласуваат и да се еден за друг. На нас ни е супер тука“, вели мајката на сестрите Родиќ.
Даниела не ја запознала мајката на Шијан, Гоца Божиновска, но и порача дека не се плаши и вели дека ги сака и знае нејзините песни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.