Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг, ја обвини Украина дека бара нуклеарно оружје, објави денеска државниот медиум КЦНА.
Ким, наводно, го засновала своето тврдење на онлајн петиција која досега собрала помалку од 1.000 потписи.
Ким рече дека петицијата може да биде политички заговор од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но не обезбеди докази за тоа тврдење, објави Ројтерс.
По минатонеделната најава на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва планира да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, во четвртокот на веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател беше покрената јавна петиција со која се повикува Украина да се снабдува со нуклеарно оружје или да биде вооружена со такво оружје.
Од попладнево петицијата доби само 611 потписи, многу помалку од 25.000 потребни за одговор од Зеленски.
Северна Кореја ја поддржува руската инвазија на Украина, но негираше дека и’ снабдувала оружје на Москва, потсетува британската агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи: