Сестрата од кланот Кардашијан е мета на критики поради ставот за луѓето со вишок килограми

Клои Кардашијан се најде на удар на критики откако се појави снимка од 2019 година во која ги “напаѓа” луѓето кои имаат вишок килограми.
Тогаш во разговор со водителот Џеј Шети изјавила:
“Не ги поднесувам луѓето кои ќе изедат една кутија сладолед и велат дека се дебели. И како не успеваат да го променат начинот на исхрана и да почнат да пијат повеќе вода. Не сакаат ништо, но константно се жалат”.Исто така наведе дека “секогаш прават жртва од себе бидејќи ништо не преземаат ниту се свесни за себе”.


“Не сакате да се погледнете во огледало и да се запрашате: ‘Во ред, што можам да направам за да се променам себе?’. Сите други се виновни”, рекла таа.


Секако, многумина го критикувале нејзиното мислење. Напоменале дека нејзиниот коментар е проблематичен бидејќи таа е толку богата што може да плати бројни тренинзи за да го доведе телото во форма. Други пак укажале на нејзиното лицемерие, обвинувајќи ја дека има добра линија бидејќи направила пластични операции и дека објавува фотошопирани фотографии на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.