Сестрите секојдневно се сеќаваат на малата Елиф која исчезна во поплавите во Сингелиќ пред три години

Осумгодишната Ерина и седумгодишната Ермина се сестрите на Елиф, која исчезна за време на поплавите што пред три години го зафатија регионот на Сингелиќ. Тие сѐ уште имаат свежи сеќавања за нивната сестра Елиф, која тогаш имаше само 16 месеци. Фуркан, заедно со неговата сопруга и ќерката Елиф, на денот на поплавата тргнале да изразат сочувство кај роднини. На враќање кон дома, водата го однесе и нивниот автомобил.
-Јас се сеќавам, имав 5 години – вели едната сестричка за ТВ “21“.
Исуф Фејзулаху, на тој ден се сеќава како вчера, но сепак ги задржува солзите. Тој ги изгуби синот Фуркан и внуката Елиф. Каде и да оди го гледа лицето на Елиф и копнее нејзиното тело да биде пронајдено, вели тој.
-Синот го најдов, но којзнае каде завршило телото на малата Елиф – вели Исуф.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK