Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен, изјави министерот за здравство Азир Алиу.
Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, министерот појасни дека објавувањето ќе следи по завршувањето на втората фаза од процесот, кога во комисијата ќе се вклучат и тројца меѓународни експерти.
– Прво, од етички аспект, бидејќи сè уште е драфт-верзија. Можеби надворешните експерти ќе кажат дека наодот е различен, затоа ќе треба уште еднаш да се анализира заедно со надворешната експертска комисија, изјави Алиу.
Тој најави дека конечниот извештај ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Министерството по ревизијата на меѓународните експерти.
Како и да е се „ пимпла “ и засега нема имиња, чисто колку за превенција на пациентие, да се заштитат и да не им веруваат на тие кои се спремни за криминални пари да оперираат, а очекувано е дека комисијата на Алиу ке треба да се покрие со тврдења на странците, а не на домашните експерти.


