СЕХА лигата го официјализира договорот со енергетскиот гигант Газпром, а воедно на Конгресот кој се одржа во Скопје, Михајло Михајловски беше избран за нов претседател на лигата.До неодамна првиот човек на Македонската ракометна федерација, на функцијата ќе го наследи Санди Шола, кој од морални причини се повлече од функцијата.Покрај Михајловски на Конгресот беа избрани и тројца потпретседатели: Велимир Марјановиќ (претседател на Ракометниот сојуз на Србија), Агрон Хајредини и Томислав Граховац (потпретседател на Надзорниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска), додека Марјан Начевски е реизбран на функцијата Комесар за натпревари.СЕХА и Газпром потпишаа четиригодишен договор според кој руската компанија се обврзала да ги превземе сите трошоци на екипите (трошоците за патувања и хотелски сместувања), како и трошоците за службените лица.„Договорот со Газпром е одличен проект, кој треба позитивно треба да влијае во целиот регион каде ракометот се наоѓа во експанзија. Четиригодишната соработка која ја договоривме на СЕХА лигата ќе и донесе финансиска стабилност. Наша цел, сега откако го потпишавме договорот е СЕХА за две до три години да стане посилно натпреварување од Бундеслигата“, рече на прес конференцијата, новиот претседател на СЕХА, Михајло Михајловски.Обврска на клубовите кои имаат желба да се натпреваруваат во регионалната лига ќе биде да обезбедат сала со најмалку 2.000 седишта, подлога според стандардите на ЕХФ, како и да обезбедат преноси кои ќе се емитуваат преку сателит на најмалку 50 отсто од натпреварите кои ќе ги играат на домашен терен.Сите национални федерации ќе ги добијат условите кои треба да се исполнат, а кои се договорени со Газпром, а според Михајловски, до крајот на мај ќе биде и познат составот на лигата за следната натпреварувачка сезона.„Планот е да има по две екипи од Србија, Хрватска, Македонија и БиХ и по една од Словачка и Белорусија. Во контакти сме со Ракометниот сојуз на Унгарија за учество на нивни екипи. Проблемот е што Унгарците бараат три нивни екипи да играат во лигата и секоја втора година завршниот турнир да се игра таму“, рече Михајловски, кој напомена дека СЕХА лигата во следната сезона ќе брои минимум 10, а максимум 12 екипи.Инаку, СЕХА лигата на учесниците на годинешниот „Фајналфор“ турнир ќе им подели и парични награди – победникот ќе заработи 35.000 евра, второпласираниот тим ќе добие 25.000, победникот во малото финале ќе заработи 15.000, а четвртопласираниот тим 5.000 евра.
МакфаксСЕХА лигата го официјализира договорот со енергетскиот гигант Газпром, а воедно на Конгресот кој се одржа во Скопје, М