СЕ АПСАТ ВРАБОТЕНИ ВО ЦАРИНА И ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА: Акција на ОЈО ГОКК и МВР!

Министерството за внатрешни работи вечерва спроведува акција во Струмица и Гевгелија , дознава Инфомакс. Неофицијално, се приведуваат вработени во Царина и гранична полиција поради мито и несовесно работење во службата.

Акцијата е под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од Одделението за полициски службеници, потврдија од Обвинителството за Инфомакс.

Според нашите информации приведени се над 30 лица кои работеле на граничните премини кај Ново Село, Дојран и Гевгелија.

Сите детали за акцијата ќе бидат соопштени по завршувањето на истата.

Пронајдете не на следниве мрежи: