Се бакнуваат среде улица: Цеца има ново момче помладо од неа дури 8 години, а регионот полуди по неговиот изглед

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ (46), како што објавија српските медиуми, веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.
Според близок извор на парот, запознавањето се случило на роденден на пријател на Цеца, а по неколку недели дружење, двајцата започнале романтична љубовна врска.

„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се одржа на роденденска вечера во ресторан во главниот град. И тогаш се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На самиот почеток, двајцата ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан, а пред тоа парот беше виден на Јахорина каде уживаа во зимската магија со друштвото… “, открива изворот за порталот Нова.рс, кој бил детално информиран за љубовната врска на Ражнатовиќ.
Инаку, Богдан работи во угостителството многу години и е многу успешен во својата деловна активност. Тој има брак зад себе и е разведен скоро пет години, а од бракот ја има ќерката Искра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.