За четирите малолетнички кои учествуваа во врсничкото насилство врз 13-годишно девојче доставен е предлог за определување мерки на претпазливост. За нив е поднесено и барање за поведување на подготвителна постапка до судија за деца во Основниот кривичен суд во Скопје.
Тие се сомничат дека презеле дејствува кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело насилство.
Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство кон друго 13-годишно девојче и за нив постапката се води согласно Законот за правда за децата. Имајќи ги предвид сите околности, тежината и начинот на сторување на делото, јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерки на претпазливост за малолетничките, информира Државното обвинителство.
Освен за децата вчера беа поднесени и шест кривични пријави против родителите кои се товарат за запуштање и малтретирање дете.
The post Се бараат мерки на претпазливост за малолетничките од Ѓорче Петров appeared first on Provereno.



