Се бара казна за полицијата, итна владина седница за собирот во Струга
Свикана е итна владина седница на која ќе се разгледаат можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга. Ќе се анализира и за можното прелевање на ризиците и во други делови на земјата.
Во Струга вчера и покрај препораките на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со коронавирусот, се одржа црковна литија на која присуствуваа голем број верници, без запазување на пропишаните мерки за заштита.
14 нови случаи на КОРОНАВИРУСОТ во Македонија, а еден пациент почина
Во меѓувреме Струшкото обвинителство отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи од масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.
Струшкото Обвинителство поднело барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело. Притоа, како што наведуваат од Обвинителството, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на литијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Среќен крај: Мајката на Тања и Лидија Кочовски пронајдена жива и здрава!