Се будите среде ноќ и не можете да заспиете? Доктор открива што сигурно ќе ви помогне – алкохолот и храната не се опција

Сигурно некогаш сте се разбудиле среде ноќ без некоја посебна причина и не сте можеле повторно да заспиете. Што да направите во такви ситуации?
Одоговорот на тоа прашање го дал докторот Роберт Ронтри, кој тврди дека најдобро би било да останете будни, колку и да е доцна. Тој објаснил зошто е полошо да се присилувате повторно да потонете во сон и што треба да направите наместо тоа.
Немојте долго да останувате во кревет
Будењето среде ноќ посебно им се случува на луѓето кои се под стрес, оние кои размислуваат за надворешната работа, одговорностите и проблемите.


„Ако се будите и размислувате за сите работи кои не сте ги завршиле во текот на денот, тоа е знак дека сте отишле на спиење со многу непроцесирани информации. Останувањето во кревет, затворањето на очите и опседнатоста со прашањето ‘зошто не можете да спиете’, нема да ви ги оттргне мислите. Наместо тоа, треба го ослободите мозокот“, советува докторот.
Ако лежите во кревет подолго од 30 минути, а не сте успеале да заспиее, докторот тврди дека треба да станете.
Што да правите наместо да спиете?
Ронтри предлага било каква активност која ве опушта, топла купка со масло од лаванда, слушање музика и медитацја. Пишувањето на телефон дефинитивно нема да ви помогне, исто како доцното јадење, алкохолот, вежбањето или извршување работни задачи. Ова не значи дека треба да се откажете од спиење таа вечер, туку дека станувањето од кревет и смирувањето веројатно ќе ви го олесни заспивањето.
Повикајте подобар сон
Со некои превентивни мерки, можете да избегнете будење среде ноќ. Првично придржувајте се до исто време за спиење и будење, за да му помогнете на вашиот внатрешен часовник. Луѓето кои го прават тоа имаат помалку проблеми со заспивање после будење.
Експертите исто така препорачуваат да пиете додатоци со магнезиум пред спиење, кои помагаат во одржување на здраво ниво на кортизол и го смируваат хиперактивниот ум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.