Со сооштение беше потврдено денеска дека средба имало по барање на Јанакиески. Но според кабинетот на Иванов не станало збор за аболиција, амнестија или слично.
„Сето ова претставува груба полициска манипулација и инволвирање на полициски службеници со што се извршени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина“, соопштија од Кабинетот на претседателот Иванов.
Јанакиески пак преку адвокатите демантираше за сметките во странство. На крај на денот јавноста остана покуса за одговор што дискутирале Јанакиески и Иванов. Малку е чудно во време на вакви настани тие да збореле за трети работи…