Се воведуваат еколошки налепници и субвенции за електромобили

Новите измени на Законот за возила со кои ќе се воведат еколошки налепници и субвенции за електрични и хибридни возила ќе ги презентира денес заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
Министрите за внатрешни работи и за економија Оливер Спасовски и Крешник Бектеши вчера ги најавија измените во Законот за возила. Со нив на лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли, а сите возила ќе бидат означени со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.