Се врати дома кучето на молдавската претседателка, кое исчезна во новогодишната ноќ

Кучето на молдавската претседателка Маја Санду, познато по тоа што го има гризнато австрискиот претседател, вчера се вратило во официјалната резиденција, откако исчезна во новогодишната ноќ, пренесе „Хина“.

Кучето по име Кодрут, што на романски значи шумичка, избега за време на огнометот со кој во Кишињев се одбележа пристигнувањето на новата година. Жителите на главниот град се мобилизираа, споделија објави на социјалните мрежи за исчезнатото куче и пријавија каде е видено.

Попладнето во средата, кучето се вратило во претседателската резиденција.

„Нашиот драг пријател Кодрут имаше непријатно искуство“, напиша на социјалните мрежи портпаролот на претседателката Санду, Игор Захаров.

Пронајдете не на следниве мрежи: