Јелена Карлеуша вчера пристигна на снимањето на „Ѕвездите на гранд“ околу 15:15 часот во сексапилно отворен фустан кој максимално и ги отсликуваше сите атрибути на себе.
Иако овие денови додека беше на одмор во Истанбул имаше кратка коса, вчера таа се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“ со долга розова надградена коса.
Јелена по смртта на својата мајка се уште се нема огласено во медиумите, а вчера само ги помина истите и замина во студиото за само неколку секунди.
Инаку вчера Јелена не се појави ниту пак на суд каде фудбалерот Огнен Врањеш ја тужи за навреда по објавувањето на нивната секс афера во јануари годинава.