Се враќа една од најпопуларните серии од 90-тите

Актерот Келси Грамер потврди дека повторно ќе го толкува ликот на радио водителот Фрејжр Крејн во серијата „Frasier“.
Станува збор за продолжение на популарната серија во кое ќе се зборува за животот на главниот лик.
Серијата „Frasier“ беше една од најпопуларните во 90-тите години. Има 11 сезони, а се емитуваше од 1993 до 2004 година, доби 37 Еми награди, од кои 5 за најдобра комедија.
Продукцијата ќе биде на CBS Studios, а сè уште не е познато кога ќе може да ја гледаме на малите екрани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.