Се враќа меѓународниот транспорт, посебни мерки за патниците во автобусите и авионите

Со отворањето на границите ќе се врати и меѓународниот транспорт, но со посебни мерки за патниците. Од петок граѓаните на Северна Македонија ќе можат да патуваат во државите од регионот и со автобус.
Билетите ќе се купуваат со маски, а чекањето ред пред шалтер со физичко растојание, појасни портпаролот на автобуската станица во Скопје, Иван Стаматовски.
Како што можеше да се види и денеска, мерките не се почитуваат од патниците и за тоа се пожалија и од автобуската станица.
Автобуските линии нема да бидат редуцирани, а бројот на патници во автобусите ќе се преполови.
Иако од петок почнува меѓународниот транспорт, на станицата видовме многу малку автобуси. Ова влијаеше и на финансиите на транспортната компанија.

Ќе започне и воздушниот сообраќај. Во врска со тоа, од ТАВ Македонија известија дека патниците треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот.
-Да носат заштитна маска пред влез на терминалот
-Да ги дезинфицираат рацете и обувките
-Ќе им се мери температура на терминалот и доколку апаратот покаже зелена боја, може да го продолжи патувањето
-На аеродром ќе можат да влезат и да се движат само лицата кои патуваат, а не и нивната придружба.
Границите на Северна Македонија без ПЦР тест и без 14 дневна изолација се отвораат на 26 јуни, петок, а Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот “Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се отворат на 1 јули.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.