Поради пандемија на коронавирус, студент од Велика Британија итно го напуштил изнајмениот стан во кој живеел откако неговите родители се појавиле пред вратата за да го однесат дома.
Го оставил прозорецот од станот отворен, а после неколку месеци добил повик од управителот на зградата.
Му ги покажале фотографииите од станот што го шокирало 20-годишниот Олуваџорџ Џонсон. Имено, гулаби се вселиле во неговиот стан, па сè било покриено со птичји измет и пердуви, а во мијалникот имало дури и јајца од птици.

-Луѓето велеа дека војската излегла на улиците и моите родители беа испаничени. Го оставив прозорецот отворен и не бев таму околу шест месеци, рекол тој.
- 15 пешаци прегазени од почеток на годината: Возач прегази дете во Визбегово!
- Николоски е оптимист дека уште следната недела ќе се постигне решение за транспортерите
- Просечната нето плата во Црна Гора е 1.022 евра
- Зеленски: Русија и Украина запреа со нападите врз енергетските објекти по договорот со САД
- Тежок ден за златото во повеќе од четири децении: Цената на златото со огромен пад од 8,9% во последните 24 часа
Џонсон е студент по медиуми и комуникации на универзитетот „Нотингем Трент“ и иако наскоро планирал да се врати во станот, најверојатно ќе треба да почека уште малку.
-Никогаш повеќе не го оставам прозорецот отворен, рекол 20-годишникот.


