Поради пандемија на коронавирус, студент од Велика Британија итно го напуштил изнајмениот стан во кој живеел откако неговите родители се појавиле пред вратата за да го однесат дома.
Го оставил прозорецот од станот отворен, а после неколку месеци добил повик од управителот на зградата.
Му ги покажале фотографииите од станот што го шокирало 20-годишниот Олуваџорџ Џонсон. Имено, гулаби се вселиле во неговиот стан, па сè било покриено со птичји измет и пердуви, а во мијалникот имало дури и јајца од птици.

-Луѓето велеа дека војската излегла на улиците и моите родители беа испаничени. Го оставив прозорецот отворен и не бев таму околу шест месеци, рекол тој.
- Ким Кардашијан позираше во специјално издание: Гламурозен фустан со цветни и бисерни детали (фото)
- Направете домашна торта од јаболка и цимет: Крцкавата кора и сочниот фил ќе воодушеват многумина
- Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат изборната волја на народот!
- Крајот на мрачниот период: Три знаци од кинескиот хороскоп кои ги очекува големо олеснување во следните 7 дена
- Докторите открија што се случува со црниот дроб кога пиеме пиво
Џонсон е студент по медиуми и комуникации на универзитетот „Нотингем Трент“ и иако наскоро планирал да се врати во станот, најверојатно ќе треба да почека уште малку.
-Никогаш повеќе не го оставам прозорецот отворен, рекол 20-годишникот.


