Се гласа на 3.480 избирачки места

Предвремените парламентарни избори се спроведуваат според пропорционалниот модел на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија.
На 90 избирачки места во земјава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.
Според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани граѓани. Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.
За гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 6.096 граѓани. Бидејќи бројот на прифатени пријави е помал од бројот на гласови со кој е избран пратеник во Собранието од изборите во 2016 година, ДИК одлучи да не се гласа во дипломатско-конзуларните претставништва по поднесените листи на кандидати за пратеници во ИЕ 7. Своето право на глас граѓаните од дијаспората ќе можат да го остварат доколку гласаат во избирачките места во Република Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.