Се гледа ракописот на итрецот од Горни Милановац… Флашката што ја заврши кариерата на Кристијан Мицковски

„СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција и криминалот кои што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го сокријат“ – Ова беше првиот коментар на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоскина тема најавените измени на Кривичниот законик на 06.09.2023 година еден ден пред да се гласа за измени на КЗ во Собранието на Република Македонија.

Ден потоа во Собранието беа изгласани измените на Кривичниот законик со просто мнозинство, а кворум внатре во салата направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ без чие присуство немаше да бидат изгласани измените на КЗ.

Се гледа ракописот на итрецот од Горни Милановац… Флашката што ја заврши кариерата на Кристијан Мицковски

-СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат, вака гласаше првото соопштение на партијата на 07.09.2023 за измените на Кривичниот законик.

И како што можете да приметите во ниту едно соопштение, во ниту една изјава се до пред една недела, односно 10-тина дена подоцна на 19.09.2023 во ниту еден контекст ВМРО-ДПМНЕ не го споменува Никола Груевски во однос на измените во Кривичниот законик.

-За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови, тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот, изјави Кристијан Мицковски во интервјуто за германски ФАЦ.

Да повториме дека Мицковски дури 10 дена подоцна го менува ставот за причината за изгласување на измените во Кривичниот законик иако истите измени се однесуваат на не повеќе од едно дело за кое се терети екс-премиерот.

Значи најпрво ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ со измените во КЗ се обидуваат да се амнестираат, за потоа да направат кворум и да помогнат да се изгласаат истите, за на крај да го обвинат Никола Груевски дека договарал промена на Устав во замена за амнестија, но тука не завршуваат нелогичностите и отстуството на цврст и конкретен став по однос на измените на Кривичниот законик.

На негова лична штета, но во име на вистината само еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ одговори дали бил контактиран од Никола Груевски за промена на Уставот со цел вметнување на Бугарите во истиот. Тоа го стори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од Прилеп кој накратко на редакцијата на Инфомакс и одговори дека не бил контактиран од Груевски.

Сите останати пратеници, поради непознати причини, не одговараат на прашањето на Инфомакс, иако најголем дел од нив ја прочитале пораката.

Неколку дена подоцна екс-премиерот Никола Груевски јавно ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да опстојат на ставот за непромена на Уставот бидејќи според него најлошото во спорот со Бугарија допрва е пред нас.

Се гледа ракописот на итрецот од Горни Милановац… Флашката што ја заврши кариерата на Кристијан Мицковски

Сум немал никаков разговор ниту влијание врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вели во денешното ексклузивно гостување во „Тешки муабети” поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Нема такво нешто, јас најмалку година дена немам разговор со ниеден пратеник, некој ако ми честитал Нова година, па сум вратил честитки. Јас разговор со пратеници една година не сум имал, а и претходно многу ретко и никогаш на оваа тема. Еве нека излезе еден пратеник да каже дали сум го барал?

И веројатно тука некаде беше моментот кога за Христијан Мицкоски работите излегоа од контрола, моментот кога тој го доби првиот одговор од Никола Груевски на Фејсбук. Веднаш потоа најпрвин беше свикан Извршен комитет на партијата за веднаш потоа да биде свикан Централен комитет на партијата на кој наводно биле презентирани некакви докази за тајниот план на Никола Груевски…

Мицковски во „другарска“ прегратка со Али Ахмети, во времето кога изјавуваше дека сака да учи од него…

Мицкоски се обиде најпрво своите најблиски соработници, а потоа и поширокото членство на партијата да ги направи будали презентирајќи им наводен транскрипт од средба помеѓу Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски и Али Ахмети, транскрипт во кој тие се договараат да го вратат Груевски во Македонија за да се промени Уставот на државата, смешно…

Па повеќе за верување беше тезата на Зоран Заев дека Никола Груевски се прислушкувал самиот себе си отколку тезата дека Али Ахмети, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски правеле записник од најголемата завера во поновата македонска историја. И замислете не само што направиле записник туку тој записник стигнал во рачињата со мед на Христијан Мицкоски, каква небулоза…

И кога ова кажано ПР-џиски не помина во јавноста кујната на Мицкоски почна да работи на најновата помија…

Од отворена сцена во Велес, злоупотребувајќи ги најмладите пред партискиот подмладок, во неколку минути го обвини Никола Груевски дека преговарал за сопствената судбина со ДУИ и СДСМ во замена за уставните измени.

-Не можам никако да разберам како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија. Да дели УСБ-а и писма по кабинетите на ДУИ, изјави Мицкоски.

Замислете најпрвин Кристијан Мицковски сака да пошироката македонска јавност да поверува дека во време на интернет и десетици платформи за инстант пораки, во 21 век, Никола Груевски да испраќа пораки и документи по УСБ…

Што е следно ќе не убедуваат дека Груевски испраќа пораки по гулаб писмоносец?

Ама добро и така сме при крајот, ајде да поразговараме за усб-то…

Изјавите за наводните документи дадени на Џафери и Ахмети, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ првпат ги изнесе во петокот на 22.09.2023 година во гостување на ТВ Алсат каде што рече дека „можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа“.

И се разбира бидејќи се смета за професор и доктор, веројатно мислејќи дека тоа е над неговото ниво го испрати најпослушниот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски да се бламира во интервју за „360 степени“.

Николоски покажа УСБ, за кое тврди дека е она што го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски.

Но за жал наместо докази и УСБ, Николоски толку добро го насамарија што му дадоа само три испечатени страници во А4 формат… Но се во рок на службата, човек кој што не работел ништо друго освен политика во животот веројатно ќе направи се за и понатаму да ја задржи својата удобна фотеља и покачувањето на пратеничката плата од 78 проценти… Машала…

Токму ова го потврдуваат и од „360 степени“ од каде велат „Притоа, Николоски покажа уесбе, за кое тврди дека е она што го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски, а со „360 степени“ сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето.“

Ајде мајката…

Ниту метаподатоци, ниту докази за „флашката“ туку Николоски покажа три страници А4 формат, брука.

Но срамот за Николоски и Мицкоски не завршува тука.

Инфомакс консултираше и неколкумина ИТ експерти за изнесеното од Николоски во емисијата, но најпрвин да видиме што навистина кажа Николоски.

„Ние спомнавме дека имаме докази за таа работа. Јас, еве – ќе ги извадам вечерва во интервјуто. Ова е тоа фамозно уесбе-стикче на коешто ги има измените. А, измените ќе Ви ги оставам. Ако ги прочитате измените на Кривичниот законик, коишто се доставувани минатата година…

– Ова за што зборувате е содржина од уесбето?

Да. Значи, овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса.

– Од кого?

Од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „360 степени“.

360°: Логичното прашање што се наметнува е како да Ви веруваме дека ова е автенично и точно? Бидејќи секој може да земе уесбе од некаде. Ова е текст работен во „ворд“, така? Може да биде составен на кој било компјутер. Како да Ви веруваме дека ова е автентично?

Николоски: Видете, прво ако одиме форензички, ако сакате на тој начин да ги гледаме работите, на ова уесбе има јасна трага кој е креатор на текстот. Оние кои се поупатени во компјутерите знаат како се остава трага и таа трага е оставена на ова уесбе.

360°: Може ли јас мојот компјутер да го крстам Никола Груевски?

Николоски: Не може. Има „ај-пи“ (IP) адреси, не се прави тоа така. Тоа е едното. Второто, самото тоа што овој текст, а ние овој текст го имавме пред да се случат измените на Кривичниот законик, речиси целосно одговара на тоа што помина како измени во КЗ, јасно говори дека или имало комуникација или, пак, дека се размислувало исто. Ама, ќе дозволите дека до збор исто да се размислувало е преголема коинциденција.

Експертите со кои разговаравме велат дека спротивно на тврдењата на Николоски, ниту еден документ во Ворд не содржи IP адреса. Адреса на Интернет протокол (IP адреса) е нумеричка ознака како 192.0.2.1 која е поврзана со компјутерска мрежа која користи Интернет протокол за комуникацијa. IP адресата служи две главни функции: идентификација на мрежен интерфејс и адресирање на локација.

Одговор побаравме и од производителот на софтверот Ворд, Мајкрософт кој потенцира дека Ворд документот во ниту еден случај нема IP адреса.

Но да не заборавиме дека IP адресата на било кој компјутер може многу лесно да биде променета преку VPN. Виртуелна приватна мрежа (VPN) е механизам за создавање безбедна врска помеѓу компјутерски уред и компјутерска мрежа, или помеѓу две мрежи, користејќи небезбеден медиум за комуникација како што е јавниот Интернет. Доколку користам било каква VPN услуга со кликање на едно копче може да изгледа како овој текст кој во моментов го пишувам е напишан од Будимпешта.

ИТ експерите кои ги консултиравме ги запрашавме дали можеби УСБ-то да содржи било какви податоци за сопственикот, каде и на кој компјутер е направено? Одговорот не едноставен бидејќи и да има некакви податоци истите можат многу лесно да бидат променети или избришани што значи дека многу лесно можам јас од тука да го крстам својот кориснички налог Никола Груевски да се регистрирам на VPN со IP адреса од Будимпешта и да го испратам Николоски на телевизија да плука по оној кој го направи човек.

И сега што правиме нема докази, приказната е бучкуруш, а нема ни логика ниту едно од тврдењата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Трагедијата да е уште поголема во моментов единствениот доказ за некаква соработка на некој член на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ е фотографијата од Александар Николоски на средба со Венко Филипче.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски токму оваа дилема ја отвори во своето вчерашно гостување во емисијата „Тешки Муабети“

Оска против ВМРО-ДПМНЕ не може да создаде човек кој безмалку 15 години беше на чело на партијата, а 11 години ја водеше државата и ја одржуваше таа партија на власт, вели во денешното ексклузивно гостување во Тешки муабети, поранешниот премиер Никола Груевски.

– Не е можно јас да направам оска против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е пропаганда, слоган кој го смислиле. Очигледно се тргнати во една сосема непотебна офанзива, не знам дали на некому тоа треба да им го испорачаат, дали на Заев или на друг центар, дали се чувствуваат посилни па тргнале против Груевски, но од тоа само губат. Обично еден лидер треба да сполтува, да ја направи партијата посилна, овде тоа не го гледам, вели Груевски.

Она што е многу симптоматично и што во еден од претходните постови го потенцираше токму Груевски е молкот за Заев во соопштенија и прес-конференции на партијата, симптоматично е што никој не ги негира овие средби,

-И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојужништво со З.Заев.

Па нели тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот “џелат” на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека “Сичките сме сшти”, “един народ сме” итн.
До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е најкорумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? Што се случи?, напиша Груевски.

Еднаш дел од македонскиот народ падна на селските итроштини, лаги и манипулации за Никола Груевски. Втор пат истиот филм не го гледате. Како што имаше снимки за смилковско така сега има некакво УСБ на кое се потпишал екс-премиерот…

Ајде мајката!

Се гледа ракописот на итрецот од Горни Милановац…

Ама велат сродните души ќе си го најдат патот. Ова очигледно било љубов на прв поглед.

Пишува: Милош Милошевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.