Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Откако во 2010 година во Дубаи беше изграден познатата Бурџ Калифа од 828 метри, конкуренцијата во изградбата на облакодери стана исклучително тешка.

Сепак, целата приказна би можела значително да ја промени Саудиска Арабија.
Имено, по долга пауза, во Саудиска Арабија продолжија работите на изградбата на облакодерот Kingdom Tower, кој ќе биде 172 метри повисок од конкуренцијата.

„Зградата ќе има тенка и аеродинамична форма која ќе ги неутрализира ефектите од ветрот. Во нејзината внатрешност, која ќе има површина од приближно 1,5 квадратни километри, меѓу другото ќе има хотел, луксузни апартмани, канцеларии и највисоката опсерваторија на светот со поглед на Црвеното Море. Ќе се наоѓа на 157. кат“, се вели во извештајот.
Се очекува Kingdom Tower во Џеда да биде централен дел од развојот на проектот Jeddah Economic City, кој ќе има за цел да го ревитализира градот.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 20 милијарди долари, од кои само 1,2 милијарди долари ќе бидат наменети за изградба на кулата.

Проектот за изградба на овој фасцинантен објект беше започнат во 2010 година, но нагло беше прекинат во 2017 година кога компанијата SBG се повлече од проектот.
Поради оваа причина, распишан е тендер за нов главен изведувач на облакодер од над 1.000 метри. Новата компанија дополнително ќе ја имплементира визијата на архитектонското студио Adrian Smith + Gordon Gill.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.