Се заканува ли хаос во Русија? Путин седи „цврсто во фотељата“, но оваа група на луѓе е „Ахиловата пета“ на рускиот претседател

Пред околу два месеци Вагнерците се упатија кон Москва и не наидоа на сериозен отпор. Покојниот шеф на платениците Евгениј Пригожин го запре обидот за пуч и немаше борба за Кремљ, но тој обид се памети. Рускиот претседател покажа слабост. Прво зборуваше за „преговори“, а потоа за „предавство“, во рок од само неколку часа, пишува Дојче веле.

Се заканува ли хаос во Русија? Путин седи „цврсто во седлото“, но оваа група на луѓе е „Ахиловата пета“ на рускиот претседател

По завршувањето на бунтот, на Балтикот се разви дискусија за стабилноста на Русија. Директорот на Надлежниот центар за стратешка комуникација при НАТО во Рига, Јанис Сартс, смета дека кампањата на Вагнер против Москва го потресе Кремљ. На ист став е и Мартинш Варгулис, заменик директор на Летонскиот институт за надворешна политика. Тој вели дека владеењето на Путин е загрозено од силите внатре во Русија.

Во меѓувреме, инфлацијата во Русија расте, вредноста на рубљата паѓа во однос на доларот и еврото. Провладиниот пропаганден весник „Известија“ се жали дека се создаваат редици пред бензинските пумпи во руските региони. А Русија е трет по големина производител на нафта во светот. И рускиот напад врз Украина не оди според планот. Во последните недели, главно Украинци известуваат за серија помали освојувања на земјата.

Позицијата на Путин е загрозена?
Штефан Мајстер од Германското друштво за надворешна политика (ДГАП) за ДВ вели дека тоа во моментов не е реално, со оглед на тоа што, како што вели, режимот на Путин успеал да придобие голем дел од населението преку пропаганда и репресија. Тој додава дека западните санкции делумно се заобиколуваат и дека многу компании, вклучително и оние од Запад, се уште се активни во Русија.

Мајстер забележува пад на стандардот на руското население, но според него не може да стане збор за распаѓање на земјата, ниту за слабост на Путин. Мајстер тврди дека еден ден предизвикот за Путин може да дојде само од безбедносниот апарат, но во моментов, според него, рускиот претседател е „цврсто на седлото“ и има доволно ресурси да ја продолжи војната во Украина за уште две или три години.

И Тобијас Фела, научен соработник на Институтот за истражување на мирот и безбедносната политика (IFSH), не верува дека Русија е „загрозена од голема нестабилност“. Тој смета дека владата може да има проблеми доколку сака да мобилизира дополнителни војници или ако економската состојба драстично се влоши. Фела вели дека Русија покажала „воена способност за учење“ по последното територијално напредување на Украинците на бојното поле.

Меѓу западните аналитичари се шпекулира дека Кремљ можеби шири наратив за претстојниот хаос во самата Русија. Целта би била да ја ослабне поддршката на Западот за Украина, бидејќи Западот, како што велат, може да го „преболи“ губењето на територијата на Украина, но не и руските нуклеарни ракети во погрешни раце.

Само тајните служби можат да ја загрозат моќта на Путин
Сепак, Стефан Мајстер не верува во овие теории. Според него, системот на Путин всушност ја покажува својата сила, меѓу другото, и со смртта на Пригожин. Тој не верува дека моќта на Путин не може да биде загрозена од олигарси, општество, армија или луѓе од неговата околина кои зависат од него. Сепак, додава тој, еден ден може да биде поинаку во тајните служби или во безбедносниот апарат.

Малите воени порази во Украина не ја загрозуваат моќта на Путин, смета Мајстер и заклучува дека тоа може да се промени само кога Украина ќе успее да го врати Крим и сите области окупирани од Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.