Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот ја предупреди Грција да ги демилитаризира островите во Егејското Море, велејќи дека „не се шегува“ со таквите коментари.
Ердоган – не се шегувам со моите пораки до Грција!
„Ја покануваме Грција да престане со вооружувањето на островите кои имаат невоен статус и да дејствува во согласност со меѓународните договори“, рече Ердоган на последниот ден од воените вежби што се одржуваа во близина на Измир, на брегот на Егејското Море на Турција. „Не се шегувам, зборувам сериозно. Овој народ е одлучен“.
Турција вели дека Грција градела воено присуство на Егејското Море со што ги прекршува договорите со кои се гарантираат невооружените статуси на островите. Се тврди дека островите и биле отстапени на Грција под услов да бидат и останат демилитаризирани.
Грција тврди дека Турција намерно погрешно ги интерпретирала договорите во врска со вооружените сили на нејзините источни острови и вели дека има законска основа да се брани по непријателските дејствија на Анкара, вклучително и долготрајна закана од војна доколку ги прошири своите територијални води.
Предупредувањето на Ердоган доаѓа во време на нова ескалација на тензиите меѓу сојузниците во НАТО кои имаат историја на спорови за низа прашања како што се истражувањето на минерали во источниот Медитеран и ривалските претензии во Егејското Море.
„Ја покануваме Грција да престане со вооружувањето на островите кои имаат невоен статус и да дејствува во согласност со меѓународните договори“, рече Ердоган на последниот ден од воените вежби што се одржуваа во близина на Измир, на брегот на Егејското Море на Турција. „Не се шегувам, зборувам сериозно. Овој народ е одлучен“.
„Ја предупредуваме Грција да се држи настрана од соништата и постапките за кои ќе зажали и да се вразуми“, рече Ердоган. „Турција нема да се откаже од своите права во Егејското Море, на ист начин како што нема да се откаже од користењето на правата што произлегуваат од меѓународните договори“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.