Моторот на патнички воз на линијата Скопје-Гевгелија се запалил вчера меѓу гевгелиските села Миравци и Смоквица, соопшти полицијата.
„На 28.05.2025 во 20:20 часот е пријавено дека помеѓу Железничка станица Миравци и Смоквица настанал пожар на машина од воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија. Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат. Нема повредени“, пишува во полициското соопштение.