Се запишале на факултет во Охрид, а факултетот не постои

Четириест и седум студенти кои се запишаа на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле” во Охрид, извисија. На дваесетина дена пред почетокот на студенската година, идните академски граѓани дознаа дека практично се запишале на непостоечки факултети, за кои Универзитетот до овој момент нема акредитација.
Родителите крајно револтирани велат дека недозволиво е на овој начин да се поигрува со иднината на нивните деца кои избрале да студираат на два факултети во склоп на универзитетот, за кои беше објавен редовен конкурс. Запишаните студенти во државна квота, на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност, како и на Факултетот за комјутерски науки и инжинерство сега не можат да студираат на избраните студии. Пред самиот почеток на академската година, откако уредно биле запишани и примени на избраните факултети, во последен миг, во петокот од Универзитетот им било кажано дека за наведените факултети нема акредитација.
Студентите сега немаат избор, мора да се запишат на Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедија и анимациска техника. И додека родителите бараат од министерството итно да преземат мерки за да можат разочараните деца да студираат на избраните факултети, од универзитетот нагласуват дека во самиот конкурс имало забелешка со која кандидатите се информирале кои од програмите се очекуваа да бидат повторно реакредитирни – формална постапка од техничка природа која ресорното министерство ја влече една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.