Се зарази македонски државјанин со КОРОНА вирус

Според информациите кои беа објавени еден од тројцата македонски државјани кои се наоѓаат во карантин на  „крузер“ во Јапонија, е заразен од корона – вирусот. Здравствените власти во земјата соопштија дека заразениот  веќе бил однесен во болницата Јокохама на медицински надзор, но додават дека станува збор за лесна форма на вирусот.

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека за состојбата на тројцата редовно комуницираат преку меѓународниот здравствен правилник со нивните колеги од Јапонија и добиваат известувања за здравствената состојба.

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница во Јокохама и таму е на лекување“, потенцира д-р Кузмановска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.