Се затвораат угостителските објекти, обложувалниците, теретаните – еве кога ќе можете да ги шетате милениците!

Владата денеска преку прес-конференција одлучи да воведе нови мерки во пресрет на затоплувањето како и големите верски празници.
Официјално денеска е донесена одлука за забрана за движење на сите граѓани од 20 часот па се до 05 часот наутро.


Мерката ќе започне утре и ќе трае до 20 април.


Следната мерка е затворање на кафетериите, кафеаните и угостителските објекти од 7 април до 20 април.


Целосна забрана за работење на фитнес клубовите, обложувалниците, како и забрана за одржување на конференции и обуки.
Милениците ќе може да се изнесат во траење од еден час.
Останува и забраната за групирање на повеќе од четири луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.