Се затвора градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита со нови заклучоци

Штабот за заштита и спасување денеска донесе нови заклучоци за заштита од коронавирус, заедно со претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи.
– Се задолжуваат „Мој општинар” и службите општината, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици, информираат од локалната самоуправа.


Се задолжуваат такси компаниите на кои им е издадена лиценца за вршење такси превоз, да продолжат со работа со минумум 50 отсто од капацитетот, дневно да вршат дезинфекција на колите, а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита.
– Се задолжуваат превозниците од општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии, со редуцирање на бројот на патници, согласно препораките, така што да има оддалеченост од најмалку еден метар помеѓу патниците, соопштуваат од општина Кавадарци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.