Се затвора се освен супермаркети, продавници за храна и аптеки. Македонија во клинч со КОРОНА ВИРУСОТ

Министерот за здравство Филипче ги објави новите мерки на Владата. Тие се рестриктивни, жестоки. Со еден збор застанува се, буквално се. Државата оди во КАРАНТИН! Подолу интегралниот текст.


На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

❗ Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

❗ Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

❗ Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

❗ Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

❗ Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, информираше вечерва преку својата Фејсбук страница министерот за здраство Венко Филипче.

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.