Се зголемува бројот на жртвите во дискотеката во главниот град на Доминиканската Република

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, соопштија тамошните власти.

Спасувачите се уште трагаат по луѓе кои можеби преживеале под урнатините на дискотеката Џет Сет, изјави Хуан Мануел Мендес, директор на Центарот за итни операции.

„Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат додека не ги извадиме сите“, рече тој.

Во несреќата загина гувернерот на провинцијата Монтекристо, Нелси Круз, а повреден е пејачот на меренге (вид на музика и танц од Доминиканската Република популарен низ Латинска Америка) Руби Перез, кој настапувал кога се урна таванот. Очевидци наведуваат дека се се случило многу брзо, околу еден час по почетокот на концертот и дека прво мислеле дека е земјотрес. Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер напиша на Твитер дека сите спасувачки агенции неуморно работат на помош на повредените.

„Длабоко жалиме за трагедијата што се случи во ноќниот клуб Џет Сет. Го следиме инцидентот од минута во минута откако се случи“, напиша тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: