Погребот на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи на 20 март.Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, рече дека е обезбедено сè што е потребно за организирање на погребот.На погребот ќе присуствуваат и поглаварот на МПЦ, Неговата Светост Стефан, како и повеќе владици од Синодот.Багерите и работниците веќе почнале да подготвуваат гробници, а еден работник бил видно потресен.– Чувството е страшно, но што да правиме – рече тој.Денеска заврши обдукцијата на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Тошковски на прес-конференција рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица.Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болниците во странство.
Пронајдете не на следниве мрежи: