Штипскиот градоначалник Благој Бочварски на Фејсбук се пофали дека Штип испишува нова историја затоа што утре (понеделник) ќе биде трасиран пат за иднината, за побрз развој на градот, за денешните и за идните генерации, за развој на бизнис-секторот, за работниците и за студентите.
Со други зборови, утре во 13 часот ќе биде пуштен во употреба новиот, челичен мост на реката Брегалница, прв од таков тип во државата.
Но, на социјалната мрежа Твитер веќе се појави видео-снимка од една веројатно интерна забава направена на тој мост. Нешто слично како и чочекот во новиот тунел на автопатот Смоквица-Демир Капија.
После 2 години застој, добивме мост, кој мораше да се прослави со чочек и веселба. ??? pic.twitter.com/OEy9KoGHaQ
— RajnaBureva (@RajnaBureva) March 1, 2020
Извор: Курир.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.