Се избира наследникот на Меркел

Денес во Хамбург, Германија почнува дводневната конференција на владејачката Христијанско-демократска унија – ЦДУ на која ќе биде избран новиот лидер на партијата, кој ќе ја наследи досегашната канцеларка Ангела Меркел. На конференцијата новиот претседател на ЦДУ ќе го избираат 1.001 делегат, а меѓу 12 кандидати во најтесниот избор влегуваат тројца од нив и тоа – актуелната генерална секретарка на партијата Анегрет Крамп Каренбауер, поранешниот координатор на пратеничката група на Демохристијаните во Бундестагот, Фридирх Мерц и министерот за здравство Јенс Спан.
Се чини најмногу шанси, сепак, има Каренбауер, која во германската јавност е позната под прекарот АКК. Таа е близок соработник на Меркел и е кандидат чии ставови се најблиски до центристичката политика на актуелната канцеларка. Наспроти неа е 63-годишниот Фридирх Мерц кој по повеќе од една деценија мината надвор од политичкиот живот, повторно се враќа во германската политика.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.