Се испитуваат електронски имплантати за слабеење

Британските научници измислија интелигентни микрочипови кој можат да го потиснат апетитот и наскоро ќе започне нивното тестирање врз животни.Научниците од Imperial College во Лондон сметаат дека нивниот електронски имплантат може да се покаже подобро решени во борбата против дебелината отколку инвазивните оперативни зафати чија цел е губењето на телесната тежина.Микрочипот се врзува на нервот вагус кој има улога при регулирањето на апетитот, како и во цела низа други функции во организмот, а се проценува дека тестирањата на луѓето можат да започнат за три години. Микрочипот е дизајниран за читање и обработка на електронските и хемиските сигнали за чувството на ситост и може да реагира и да испраќа електрични сигнали во мозокот намалувајќи ја потребата од храна.Британските научници веќе изработиле сличен имплантат кој ги намалува бројот на епилептичните напади со тоа што исто така дејствува врз нервот вагус.„Станува збор за многу мал микрочип и на тој чип имаме интелигенција којашто може да ги измени сигналите одговорни за контрола на апетитот. Ќе биде тоа мал имплантат и ќе биде дизајниран така што нема да има нуспојави, а апетитот ќе се контролира на природен начин“, вели Крис Тумазу од Imperial College London за BBC и додава дека почетните испитувања во лабораториите веќе покажале дека моделот функционира.„Што се однесува до мозокот, тој ќе добива исти сигнали од системот за варење на храната кои нормално ги добива по оброкот, а тие сигнали велат: немој повеќе да јадеш, желудникот е полн со храна и не мораш повеќе да јадеш“, опишува Тумазу.На развојот на имплантат за контрола на апетитот работата и американските научници кои веќе спроведоа клинички испитувања на пациенти кои изгубиле најмалку 20 отсто од телесната тежина.
МакфаксБританските научници измислија интелигентни микрочипови кој можат да го потиснат апетитот и наскоро ќе започне нивното

Пронајдете не на следниве мрежи: