Се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева откако стигна во Обвинителство

Специјалната обвинителка Катица Јанева утрово пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот “Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени.
На доаѓање во Обвинителство Јанева изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе помогне да се забрза истрагата за “Рекет“.
– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева

 

Пронајдете не на следниве мрежи: