Победата на Силјановска прв и ја честиташе српскиот претседател Александар Вучиќ, а денеска честитки и упати и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји
И посакувам успешен и плоден мандат на Гордана Силјановска-Давкова. Ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија.
Ова денеска на социјалната мрежа Икс го напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски со што и ја честиташе победата на идната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова. Пораката Зеленски ја напипал на украински и на англиски јазик.
„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа“,
напиша Зеленски.
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova @gogamkd on her convincing election victory. I wish her a successful and fruitful tenure. We value our 🇲🇰🇺🇦 strong partnership and appreciate Skopje’s support for Ukraine in countering Russian aggression. I look forward to further…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 9, 2024
Идната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова му врати на Зеленски со порака на украински, македонски и англиски јазик.
„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ“,
напиша таа на Икс.
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пак, на претседателските избори освои убедлива предност со над 300 илјади гласа пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски поддржан од СДСМ.
Победата на Силјановска уште вчера вечер и ја честиташе српскиот претседател Александар Вучиќ, а честитки и упати и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.