Се најавуваше сонце, а викендов УХМР најавува пресврт на времето – ако сте ја собрале зимската облека, веднаш вратете ја!

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во недела времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови и попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.