Се нижат трагедии во Индија: 43 лица загинаа, а 20 закопани во свлечиште на плантажа со чај

Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во плантажа со чај во државата Керала, во јужна Индија, се искачи на 43, а се стравува дека се закопани дваесетина луѓе. 

Свлечиштето предизвикано од пороен дожд започна рано во петокот наутро додека работниците сè уште спиеја, соопштија официјалните лица.

Во 2018 година Керала беше погодена од најтешката поплава во последните сто години, кога стотици луѓе загинаа.

Исто така, денес пристигнаа вести од оваа земја дека најмалку 10 пациенти загинале во пожарот што го зафатил хотелот кој беше претворен во привремена болница за пациенти заразени со коронавирусот во градот Вијајавади.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.