Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори:
„Што би вредело ако ние сме здрави, а соседите имаат проблеми“, рече Вучиќ, кој смета дека снаодливоста на Заев придонела да Србија даде 8.000 вакцини за нашата земја.
„А, кога да им помогнеме? Нормално, кога им е тешко. Тоа е снаодливост на премиерот Заев кој се бореше за својата земја да обезбеди вакцини. Тоа не само што е братски потег од наша страна, туку одговорност, и покажавме дека не живееме во затворен круг. Сигурен сум дека и тие кога би биле во иста ситуација, би ни помогнале нам“, рече српскиот претседател.
Тој рече дека нема проблем Србија да помогне и на Албанија доколку биде потребно и го окарактеризираше како нормален однос.
Вучиќ не објасни дали вакцините ќе бидат донирани, или, сепак ќе бидат купени од страна на нашата земја како што најави премиерот Заев вчера.