Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествувал и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколку се повредени.
Според првите информации, прво се судриле два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
- (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорностОпштина Чаир организираше посебна вечер посветена на Розовиот октомври, меѓународниот месец… Read more: (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорност
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на ВучиќПотпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ,… Read more: Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гасШефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно… Read more: Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас
- Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказПартијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека арапските партии… Read more: Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказ
- Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и ЗеленскиАмериканскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро ќе се одржи средба… Read more: Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала”, се вели во соопштението на обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
,,Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во несреќата загинала Љ. Т.(49).
Полицијата претходно соопшти дека „полото“ го управувал Б.Т.(24) од Куманово, додека „голфот“ го управувал В.П.(45). Зад воланот на ,,Oпел инсигнија” бил Ѓорѓе Давид.
Пронајдете не на следниве мрежи:



